ВО БИТОЛА ОДБЕЛЕЖАН 5 МАЈ, СВЕТСКИ ДЕН НА АКУШЕРКИТЕ

WEB Телевизија во живо

Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, годинава одлучи токму од Битола да започне одбележувањето на меѓународната недела на сестринството, а домаќин на овој настан беше Болница „Плодност“, која веќе 11 година е докажан лидер во ивф постапките, оперативните зафати и прекрасните услови за породување, но и единствена болница во земјава која го применува практично породувањето во вода. Светскиот ден на акушерките, 5 мај, настан кој се одбележува во рамките на меѓународната недела на сестринството, од 5-12 мај, се одржа во хотел „Премиер“, во присуство на акушерки и медицински сестри од целата држава.
 
„Ние медицинските сестри не сме ангели, но сме сигурно втората најубава работа по ангелите“ е слоганот на Здружението „За нас“. Затоа, мора да се избориме за сите права на акушерките, кои ја имаат најблагородната професија на светот, да бидат први во чинот на доаѓање на свет на нов живот. Сепак, акушерките, како и останатите медицински сестри се на маргините и само заедно можеме да го истакнеме нивното значење и местото кое што го заслужуваат во општеството“, истакна претседателката на здружението, м-р Горданка Бешлиовска.
 
Како домаќин, пред присутните се обрати и прим. д-р Таше Трпчевски, кој ги истакна сите заложби и успеси на болницата во изминатите речиси 11 години од нејзиното постоење. Особено го потенцираше породувањето во вода, како метода која единствено се применува во државата во оваа болница, но застана и во поддршка на медицинските сестри, а со тоа и на акушерките.
Затоа, од оваа средба упатувам поддршка до сите медицински сестри и до акушерките, дека ја имаат нашата поддршка за остварување на нивните права“, истакна прим. д-р Таше Трпчевски.
На средбата се обратија и главната медицинска сестра на Болница „Плодност“ Ребека Алексовска и координаторката на акушерките во здружението „За нас“ Милица Беслаќ.
 
На настанот беа доделени посебни благодарници до д-р Таше Трпчевски од страна на здружението „За нас“, за акушерките во Клиничка болница Битола и за одговорната медицинска сестра во одделот неонатологија во Болница „Плодност“ Мерлинда Драла, поради нејзините заложби за унапредување на акушерството и долгогодишното искуство кое несебично е пренесено на сите останати акушерки во болницата.
 
Одбележувањето на 5 мај, Светскиот ден на акушерките, беше збогатен со настапот на учениците од Државното музичко училиште во Битола Наталија Николовска на виолина и Алексеј Белевски на пијано, а на настанот, во живо, свои слики создаваше Живко Поповски- Цветин, кој потоа им ги подари на присутните.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *