ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ВТОРА ВО ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН НА „KRUSHEVO TRAIL CHALLENGE”

WEB Телевизија во живо

НА ТРКИТЕ УСПЕШНО НАСТАПИЈА И ДРУГИТЕ ЧЛЕНОВИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“, МЕТОДИЈА ИЧЕВ, МИЈАЛЧО АНДОНОВСКИ, МИКИ ПЕТРОВСКИ, ДАРКО ПРОШЕВСКИ И ДИМЧЕ АНДРЕЕВ.
 
Овој викенд, во Крушево за првпат се одржа „Krushevo Trail Challenge” кој содржи неколку трки, АЛТО, Ноќна трка и Полумаратонска трка.
На трките учествуваа и шестмина претставници на АК „7-ми Ноември“, Валентина Узунова, Методија Ичев, Мијалчо Андоновски, Дарко Прошевски, Мики Петровски и Димче Андреев.
 
Валентина Узунова во Вкупниот пласман од сите три трки го освои одличното 2 место. Таа во трката Алто беше 5, во Ноќната трка 3 а во полумаратонот 2. Добри резултати постигнаа и Мијалчо Андоновски кој беше 24-ти во генерален пласман и ги трчаше сите три трки, ,Методија Ичев, кој трчаше полумаратон, и Дарко Прошевски кој се натпреваруваше во АЛТО трката,како и Мики Петровски и Димче Андреев.
 
Центарот на случувањата беа ски терените, а беше опфатена и градската средина. Учесниците од целата држава имаа можност да се натпреваруваат, но и да уживаат во околината на Крушево.
Најпозната е секако ноќната планинска трка од 8 километри која се одржа вчеравечер, во саботата. Трката има натпреварувачки карактер, а учествуваа околу 300 тркачи.
 
„Krushevo Trail Challenge” требаше уште лани да се одржи, но поради ковид-протоколите и забраната за движење низ шумите, беше одложен за годинава.
Организатор беше планинарското друштво „Златоврв” од Прилеп.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *