УСПЕШЕН НАСТАП НА ГЕВГЕЛИСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ НА РЕГИОНАЛНИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ ВО ВАЛАНДОВО

WEB Телевизија во живо

Овој викенд, Валандово беше домаќин на 26-те Регионални пензионерски спортски игри.
Игрите се од пријателски карактер и во нив учество зедоа околу 260 пензионери од здруженијата на пензионери во повардарискиот регион, и тоа, од Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.
 
Пензионерите се натпреваруваа во 9 дисциплини: стрелаштво, фрлање кош, шутирање пенали на мали голчиња, трчање, фрлање ѓуле , скок од место, пикадо, играње табла и домино, како во женска така и во машка конкуренција.
Екипата на Здружението на пензионерите од Гевгелија броеше 30 членови кои се натпреваруваа во сите дисциплини, освен во стрелање со пушка во женска конкуренција.
 
На овие спортски игри, пензионерите од Гевгелија освоија едно прво место, во домино, и победникот Гушев ќе земе учество на Републичките спортски игри во Скопје, наредниот месец, едно второ место во табла, жени, едно трето во стрелање со воздушна пушка и две четврти места, во скок од место и табла мажи.
 
Според зборовите на претседателот на Здружението на пензионери, Велин Стојменов, ваквите настани се уште еден доказ дека секоја етапа од животот на еден човек има посебна убавина. Желбата за физички и спортски активности се убава промоција на спортот и здравите навики во секојдневното пензионерско живеење.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *