УЧЕНИЧКАТА МИХАЕЛА РИЗОВА ОД ООУ „ВЛАДО КАНТАРЏИЕВ“ СО ПРВО МЕСТО НА РЕПУБЛИЧКИТЕ ДЕТСКИ ЛИКОВНИ СРЕДБИ ВО СТРУМИЦА

WEB Телевизија во живо

Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ беше домаќин на 32 Републички детски ликовни средби на кои зедоа учество 70 ученици од основни училишта од Струмица, Ново Село, Босилово, Кочани, Гевгелија, Стојаково, Богданци, Пехчево, Неготино и Демир Капија. Паралелно беше отворена и изложба со делата кои стасаа по распишаниот конкурс.
 
„Пристигна 250 ликовни творби од кои доделивме по четири први втори и трети награди. Како најдобри на распишаниот конкурс се Ѓорги Тренчовски од ООУ Видое Подгорец од Струмица, Михаела Ризова од ООУ Владо Кантарџиев од Гевгелија, Натали Лазарова од НУЦК Бели Мугри од Кочани и Валерија Лазова од ООУ Димче Габерови од Демир Капија. Додека во екипно најдобри беа учениците од Видое Подгорец од Струмица, Гоце Делчев од Неготино и НУЦК Бели Мугри од Кочани,, соопшти директорката Светлана Мазгалоска Вучетиќ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *