УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ СЕ ПРЕТСТАВИЈА ВО НАЈДОБРО СВЕТЛО НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „МАССУМ 2022“ ВО ВЕЛЕС

WEB Телевизија во живо

СОУ “Јосиф Јосифовски” од Гевгелија учествуваше на Манифестацијата МАССУМ која оваа година се одржа во Велес. Гимназијата учествуваше во следните категории: Маркетинг план, Презентација на Веб страна на СОУ Јосиф Јосифовски, Интервју за работа на македонски и англиски јазик, Јавен говор на македонски јазик, Поетска творба, Најдобар бенд и соло изведувач, Најдобар штанд, Најдобра драмска претстава и Најдобра екипа во баскет, серва и пинг понг.
 
Под менторство на професорите Даниела Џишева, Тања Чугунцалиева, Јасмина Мицева, Влатко Семенаков, Зоран Аврамов, Вера Светозаревиќ и Илија Атанасов.
 
Младинска Асоцијација на Средните Стручни училишта во Македонија-МАССУМ, официјално постои од 2006 година и има за цел да го подобри животот на младите, да ги подготви за лидерство, нивен личен напредок и поголем успех во кариерата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *