СОУ „БОГДАНЦИ“ УЧЕСНИЦИ НА ОБРАЗОВНОТО РАНДЕВУ „МАССУМ 2022“ ВО ВЕЛЕС

WEB Телевизија во живо

СОУ „Богданци“ секоја година учествува на Образовното рандеву во организација на МАССУМ ( Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта во Македонија). Оваа година тој се одржува во Велес, во организација на ССОУ „Димитрија Чуповски“.

Како што не информираше професорката Верица Ризовска, оваа година учениците од Богданци учествуваат во следните категории: Интервју за работа на македонски и англиски јазик, Јавно говорење, Модна ревија, Драмска претстава и спортски дел( баскет, серва и пинг-понг).

Оваа година тие имаат и штанд на кој ќе се претстават со сите струки кои ги има училиштето, а конкретно акцентот ќе биде ставен на текстилнo-кожарската струка. Штандот е замислен како модно ателје и мотото е ,,Отвори го твојот ум и верувај и на твојата кретивност”.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *