ПРОМОЦИЈА НА „ГАТАНКИ ЗА СЕ И СЕШТО И ЗА УШТЕ НЕШТО“ ОД МАГДЕ АНГОВА

WEB Телевизија во живо

„Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од младата авторка Магде Ангова, ќе биде промовирана во Петоk, на 20-ти мај во 18.30, во книжарата „The Book Shop“ во Гевгелија.
 
Оваа разиграна илустрирана книга за деца, која ги актуализира и осовременува гатанките за новите генерации, беше промовирана на почетокот на април месец, оваа 2022 година во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е збогатена со илустрации од Елена Давчева-Стојановска.
 
Промоторката на изданието, уредничката Оливера Ќорвезироска, тогаш истакна дека „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е игрива, тематска збирка што ги оживува и осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата од ниските одделенија.
 
Со досетлив, лирски избор на заглавните зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, Магде Ангова создала интересен поетски свет за видливите и невидливите нешта што децата треба само да ги препознаат или допрва да ги научат. Забавата и знаењето во оваа збирка се фатени рака за рака.
 
„Првиот филтер за гатанките беше ќерка ми и на почетокот книгата имаше наслов „Гатанки пишувани со (м)Илина“. Верувајте ми, проверено е, децата се најискрената, но и најстрога публика. Кај нив нема заобиколување, ако нешто не им се допаѓа веднаш го пренасочуваат вниманието и со тоа знаете дека напишаното нема да помине кај нив… Децата се непресушен извор на инспирација. Ќе продолжам да творам на создавање литература за деца, затоа што сметам дека во Македонија навистина има потреба од тоа“ – вели Ангова.
 
Магде Ангова e родена во 1987 година. Живее во Гевгелија, а работи во Општина Дојран како личност за односи со јавноста. Таа е магистер по медиуми и комуникации, а во моментов ја завршува и магистратурата по психологија. „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е нејзина прва книга.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *