ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ И ПРОМОВИРАН ФИЛМОТ „НЕ ПЛЕТИ ЛЕСО“ НА ЕТНОКОРЕОЛОГОТ БОЈАН ПЕТКОВСКИ

WEB Телевизија во живо

Во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, вчера, вторник, на 3 мај, беше отворена изложба на фотографии „Реинкарнација“ се промовираше “он лајн“ краток филм „Не плети лесо“. Станува збор за настан од традиционалната уметност и материјалната култура во 19 и 20 век, на кој се презентираат авторски дела на младиот уметник и етнокореолог, Бојан Петковски од Скопје. 
 
„Реинкарнација“ е изложба на фотографии од автентични ситуации на носење традиционални носии од етничките предели: Скопска Блатија, Скопска Црна Гора, Долни Полог, Струшко Поле, Охридско Поле, град Струга, Дурачка Река, Азот и на Ромите во градот Скопје. Проектот е симбиоза на научно-истражувачка и собирачка дејност, како и уметнички концепт за презентација на истото.
 
Додека, краткометражниот филм „Не плети лесо“потполно автентично нѐ носи во етничкиот предел Дурачка Река (историско-географска област од североисточниот дел на Македонија што ги опфаќа селата јужно од градот Крива Паланка), во деветнаесеттиот век, главно задржувајќи се на обредното заплетување на невестата.
 
„Овој обред на иницијација го претставува заплетувањето на ситните плетенки од двете страни на косата, во локалната терминологија познати како леси, со кои девојката преминува во социјалниот статус на невеста. Веќе следниот ден, со расплетување на овие плетенки, и со пресекување на нешто што во локалната терминологија се вика скалузи, таа преминува во редот на омажените жени“, објаснува Петковски за својот филм.

Настанот е во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, во соработка со етнокореологот, Бојан Петковски.. Влезот е слободен.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *