ООУ „РИСТО ШУКЛЕВ“ ОД НЕГОРЦИ ГО ПРОСЛАВУВА СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК.

WEB Телевизија во живо

ООУ „Ристо Шуклев“ од Негорци го одбележува 9-ти мај, својот патронен празникот. Денеска, најнапред свежо цвеќе на бистата на патронот, во дворот на училиштето положија Градоначалникот Андон Сарамандов, директорката на училиштето, Жаклина Линкова, како и наставниците, вработените и учениците на училиштето „Ристо Шуклев“.
 
Прославата продолжи со спортски натпревари а потоа се одржа свечена приредба за учениците и вработените. Во четврток, на 12 мај Свечена приредба ќе биде одржана и за пошироката публика.
 
За име и патрон на училиштето се зема името на учесникот во Народно ослободителната војна, Ристо Шуклев, роден на 25.10.1912 во Негорци а убиен на 4.1.1944, во близина на Гевгелија, кај месноста Мала Река. Во НОВ активно се вклучува во 1943г. со организирање и достава на храна и облека на партизаните а како вработен во државните служби, имал пристап до доверливи информации, корисни за борците од НОВ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *