НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 42 ГОДИНИ УМРЕ ЈОСИП БРОЗ ТИТО, ДОЖИВОТЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НЕКОГАШНА ЈУГОСЛАВИЈА.

WEB Телевизија во живо

Мислењата за неговата улога и дело се спротивставени – за едни Тито е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешнополитички углед, а за други – диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.
 
На денешен ден во 1980 година во Љубљана почина Јосип Броз Тито, претседател на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Тој ја предводеше борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година, беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините вооружени сили од крајот на Втората светска војна, па сè до неговата смрт.
Погребот на Тито беше историски настан за кој се зборува до ден-денешен. Присуствуваа 700.000 луѓе, меѓу кои 209 државни и партиски делегации од 180 земји од светот, кои се поклонија пред неговиот гроб.
 
Кога ќе го слушнете зборот ТИТО, која е вашатоа прва асоцијација? СФРЈ, благосостојба, другар-господин, комунизам, маршал, гордост или криминалец. Одговорите зависат, пред сè, од возраста и сеќавањето на времето во кое се живеело или за кое се зборувало.
Оние што го паметат добро се сеќаваат на приказната за јаболко во глава на свинско печење, на санкање, на слетовите, штафетите, Денот на младоста, движењето на независните земји , социјализмот и работничката класа, братството и единствтоо, работните акции…
За нив, Тито беше милениче на светот, најголемиот син на народот и народностите, за чие време тие имаа безгрижно детство и младост, сигурна работа и плата, сина маичка и црвен пасош во џебот со кој можеа да одат насекаде низ светот, секогаш враќајќи се на југот. .
 
Од друга страна, за некои тоа е асоцијација на Тито – Голи Оток, Уставот од 1974 година, црвениот револуционер, убиец и анархист, човек со украдени идентитет, шпион и затвор за викање во кафеана каде некој ќе го спомнеше негативно..
Ако ги исклучиме крајностите од оние што го сметаа Тито за „друг татко“ и оние кои го сметаа за „најголем негативец“, денес носталгично се сеќаваат на него само оние што пораснаа во златното време на југословенскиот социјализам, од 1960-тите до осумдесеттите. Ако само прашате некој кој живеел во „златното време на екс Југославија, тие ќе ви кажат дека тие можеа да ги гледаат Волшебното самарче, Бранко Кокица, Снупи, Политикин Забавник, морнарот Попај, Пчелата Маја, Мојата рок мисија. Можеше да се слушаат Леб и Сол, ЕКВ, Дип Парпл, Тина Тарнер. Можеше да се јаде храна што беше безбедна, чиста, без глутамин. Се пиеле соковите од „Винојуг“, се јадел хот-дог од карактеристичен црвен киоск, стопен сладолед. Можеше да се носат патики и фармерки Ли Купер и Супер Рифле. Можеше да се јава пони коњче, да се вози мотор томос, Фиќо и стокец с. Можеше да се прочитаат илјадници стрипови додека се јадеше познати чипс од Чачак.
 
Обичен човек во поранешна Југославија, стануваше во 6 часот, ги миеше забите со домашна паста, користеше лосион „Питралон“, а неговиот стан мирисаше на топло млеко. Тој возеше нов „фико“, го читаше списанието „Старт“, ги слушаше Нина Спирова, Бис Без, Иво Робиќ и Силуети… Тој одеше во Трст да го купи она што не можеше во домашните стоковни куќи, кампуваше без пари со друштвото, со нетрпение очекуваше да дојдат државните празници. Моите деца никогаш нема да знаат што се тоа изгребани колена, колку се слатки првите цреши од градината на соседот и како е да се бакнуваш на тераса на некоја висока зграда, да висиш пред Ванила, и да одиш на 1 и 2 мај во Сарај, на Вардарски рид.
 
И, всушност тоа беше златното време на модерната човечност и … ефтините кредити. Потоа, сè беше наплатено.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *