„MОТОКРОС КЛУБ ГЕВГЕЛИЈА“ ИМАШЕ УСПЕШЕН НАСТАП НА ПАТЕКАТА „ГЛОБАРЕ“ ВО СРБИЈА

WEB Телевизија во живо

На 15.05.2022 се одржа натпревар од отворен шампионат на патеката Глобаре во Крушевац – Србија. Мото Клубот Гајиќ од Крушевац на 15 мај 2022 година на патеката во Глобаре, Крушевац, ја организираше втората трка од Отворениот шампионат на Србија во дисциплината мотокрос. По техничкиот прием и верификација, правото на настап го остварија 79 натпреварувачи во девет најавени класи, што говори во прилог на тоа колку е привлечна моќта на патеката во околината на Крушевац.
 
„Мотокрос клубот Гевгелија“ на ова првенство го претставуваа 3 возачи во 2 класи.
Огнен Тодоров, најмалиот и најбрзиот возач во овој клуб повторно се искачи на подиум со освоено ПРВО место во класата МХ85!!! Огнен е во добра форма и наредниот викенд повторно ќе вози на трка од БМУ Европскиот шампионат во Турција.
Во класата МХ1, Васко Киров заврши на 10 место додека Саше Трајков на 11 место.
Сите возачи, како што изјавија, се задоволни со нивниот настап и ќе продолжат да ги бранат боите на Гевгелискиот клуб давајќи се од себе.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *