МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МУЗЕИТЕ 2022 ГОДИНА – „МОЌТА НА МУЗЕИТЕ“

WEB Телевизија во живо

Светскиот ден на музеите традиционално се одбележува на 18 мај од 1977 година, со цел да се подигне свеста за важноста на музеите и културното наследство во развојот на едно општество. Утврден е од Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ (ICOM – International Council Of Museums) кој е формиран во 1946 година.
 
Целта на основањето на ИКОМ е да се создаде мрежа на музеи и музејски професионалци од земјите од светот кои се грижат за културното и за природното наследство. Република Македонија се вклучи во таа мрежа во 1993 година, со формирањето на Македонскиот национален комитет (МНК) на ИКОМ.
 
Гевгелискиот народен музеј располага со 11.000 археолошки артефакти, што значи дека 70% од вкупното археолошко наследство во земјата потекнува од овој крај. Огромен број раритети кои потекнуваат од 8 до 4 век пред нашата ера, се најдени на локалитетите: Сува Река, Милци, Бишов Јавор и Парагон, а дел од нив нашле свое место во депоата на музејот во Гевгелија.
 
Предметите што се пронајдени зборуваат за цивилизацијата која го достигнала врвот во материјалната и духовната култура. Во посебни магацински простории се откриени огромни питоси за жито, вино или масло, мегарскa чашa со симбол на македонскиот штит, сребрени монети со ликот на Александар Македонски, како и аморфи за вино, садови за миризливи масла, и други раритети од класичниот и предримски период.
 
Со формирањето на првата историска збирка во старата „филатура“ започнува музеологијата во Гевгелија. Во 80-те години од ХХ век, формиран е Општинскиот Музеј „ Митко Зафисовски“ раководен од археологот Владо Аврамов.
 
Во рамките на Музејот се формирани археолошка, етнолошка, историска и збирка од историјата на уметноста. Збирката е префрлена во Владовиот конак денешната зграда на музејот градена во 1906 година. Во 90-те години установата е преименувана во „Народен музеј“ Гевгелија, раководител е археологот Кире Ристов.
 
Во изминативе дваесет години музејот остварувал соработка со многу инстиуции, која се состоела во археолошки истражувања, во ккозервација на движен музејски материјал, конзервација на архитектура на Стоа, Акропола и Куќа на колекционерот на Вардарски Рид. Освен од Р.Македонија соработката се одвивала и со странска фондација од Тексас, Америка (The Texas Foundation for Archaeological & Historian Research).
 
Музеите имаат моќ да го трансформираат светот околу нас. Како неспоредливи места на откривање, тие нè учат за нашето минато и ни го отвораат умот за нови идеи – два суштински чекори во градењето подобра иднина.
 
На Меѓународниот ден на музеите 2022 година, кој се одржува на 18 мај, сакаме да го истражиме потенцијалот на музеите да донесат позитивна промена во нивните заедници преку три објективи:
 
Моќта на постигнување одржливост:
Музеите се стратешки партнери во спроведувањето на Целите за одржлив развој на Обединетите нации. Како клучни актери во нивните локални заедници, тие придонесуваат за широк спектар на цели, кои вклучуваат поттикнување на краток спој и социјална економија и ширење на научни информации за еколошките предизвици.
 
Моќта на иновациите за дигитализација и пристапност:
Музеите станаа иновативни игралишта каде што може да се развиваат новите технологии и да се применат во секојдневниот живот. Дигиталната иновација може да ги направи музеите подостапни и попривлечни, помагајќи ѝ на публиката да разбере сложени и нијансирани концепти.
 
Моќта на градењето на заедницата преку образованието:
Преку своите збирки и програми, музеите провлекуваат општествено ткиво кое е од суштинско значење во градењето на заедницата. Со поддржување на демократските вредности и обезбедување можности за доживотно учење на сите, тие придонесуваат за формирање на информирано и ангажирано граѓанско општество.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *