МАКЕДОНКА ОД ВИНИЦА, ЕМИЛИЈА СТОЈМЕНОВА ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕРКА ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО НОВАТА ВЛАДА НА СЛОВЕНИЈА

WEB Телевизија во живо

Мандатарот за словенечка влада, претседателот на Движењето Слобода Роберт Голоб, кажа дека кандидат за министер за дигитална трансформација ќе биде Македонката Емилија Стојменова Дух.
 
Стојменова е родена 1985 година во Македонија, а во 2002 година, по завршување на вторa година во природно-математичката гимназија во Виница се преселила во Марибор. Стојменова е професорка на Факултетот за електроинженеринг на Универзитетот во Љубљана.
 
Стојменoва изјави дека во вторникот ги напуштила Социјалдемократите. Како причина за ваквата одлука таа ги наведе разликите во некои ставови и пристапи за решавање на проблемите.
Таа остро негираше дека поднесе оставка бидејќи социјалдемократите не и понудиле министерска функција. Кажа и дека поднела оставка пред да се постигне договор со Движењето Слобода за нејзината кандидатура за министер.
 
„Движењето за слобода ме препозна како личност која може да помогне да се постигне ефективна и успешна дигитална трансформација, за што сум им благодарна“, додаде таа.
 
Емилија Стојменова Дух очекува новата влада да изврши ефикасна дигитална трансформација на целото општество, односно економијата како и јавната администрација и здравството.
 
Во интервју за хрватскиот Т-Портал за време на изборната кампања во Словенија кога настапуваше како кандидат на социјалдемократите Стојменова Дух изјави дека кога ја напуштила Македонија била разочарана од политичката ситуација во земјата.
Според неа Словенија веќе не е напредна земја во која се доселила и затоа што ја сака Словенија и затоа што не сака повторно да бега поради погрешно водење на земјата, решила да влезе во политиката.
 
За време на предизборна дебата на јавниот сервис ТВ Словенија лидерот на конзервативната Словенечка национална партија Змаго Јелинчиќ ја нападнал дека не знае добро словенечки и од неа барал да ги наброи сите странци што направиле нешто добро за Словенија.
 
Таа вели дека во Словенија се чувствувала добродојдена, особено затоа што живее во Марибор, за кој вели дека е словенечки Балкан, но во последно време имало говор на омраза против неа, особено на социјалните мрежи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *