КОНЦЕРТ НА МЛАДИОТ ГЕВГЕЛИСКИ ПИЈАНИСТ НИКОЛА ПАВЛОВ

WEB Телевизија во живо

На 19 мај 2022 година, во салата на Хотел „Аполонија“ солистички концерт ќе одржи младиот пијанист Никола Павлов, матурант во ДМУБЦ „Илија Николовски –Луј“ На концертот, Павлов ќе се претстави пред гевгелиската музичка публика со дела на Бах, Бетовен, Шопен, Хачатуријан, Чајковски, Прокофијеф, Дебиси, Тудор и Мучински. Концертот започнува во 20 часот а влезот е слободен.
 
Никола Павлов, роден на 7 мај 2003 година, е ученик во средното музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, и своето музичко образование го започнал на седум годишна возраст во ООМУ „Васо Карајанов“ под менторство на професор Љубица Улишева. По само деветмесечно свирење, тој освојува прва награда на натпревар во Врање. 2012 година му е најплодна, кога освојува неколку награди на меѓународни натпревари, од кои најзначајно е второто место на Меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ во Белград.
 
Својата прва година на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ ја започнува во класата на професорката Самира Мустафаоглу, а наредните три години продолжи да работи со Професорката Весна Ангелова-Христова. Под нејзино менторство освојува неколку награди, а секако најважна е четвртата награда на Меѓународниот онлајн натпревар во Лондон.
Сега, Никола Павлов е матурант, а планира своето натамошно музичко образование да го продолжи во странство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *