ГРМЕШЕ НАД СКОПЈЕ, ГРМЕШЕ НА КОНЦЕРТОТ НА „DEEP PURPLE“

WEB Телевизија во живо

ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА ПИОНЕРИТЕ НА ХАРД РОКОТ, ЌЕ БЕШЕ СПЕКТАКЛ ДА БЕШЕ IAN GILAN ПОМЛАД. НО, И ВАКА, НАКЛОН ДО ЗЕМЈА ЗА КРАЛЕВИТЕ НА РОК МУЗИКАТА.
 
Синоќа, легендарниот бенд „Deep Purple“, го одржа веројатно последниот свој концерт, не само во Македонија, туку и во поширокиот регион.
Прва од причините да се биде присутен и да се провери како функционираат на оваа возраст и со оваа постава. Иако многумина ме убедуваа да не одам, и дека тоа не е тоа, сепак решив да сум дел од многуилјадната публика во преполнетата сала „Борис Трајковски“.
 
Втора причина, едноставно нема доволно суперлативи за правилно да се искаже придонесот што Deep Purple го направија во рок музиката. Продавајќи повеќе од 100 милиони албуми и полнејќи ги најголемите светски сали со децении наназад , не е ни чудо што влијателната британска радио станица „Планет Рок“ ја прогласи групата за една од „5-те највлијателни групи до сега“. „Deep Purple“ се навистина „кралеви“ на Хард рок музиката.
 
И, третата, и најважна, да ја слушнам групата, која ме навлече на рок музиката и барем за момент да се вратам во 70-те години, кога бев млад, бунтовен и безгрижен.
 
Ian Gillan, Roger Glover, Jon Lord, Ian Paice, и Ritchie Blackmore е онаа „златна“ петорка и веројатно најдобрата постава на „Deep Purple“која ми е врежана засекогаш во меморијата. Тоа не значи дека и другите членови кои поминале низ овие „диносауруси“ на рок музиката не биле генијални, но сепак, групата која го сними албумот „Deep Purple in Rock“, кој е обавезна лектира на сите рокери е навистина тој „Длабок Пурпур“ по кој се паметат.
 
На концертот во Скопје, тие настапија во состав: Јан Гилан, вокал, Јан Пејс, тапани, Роџер Гловер, Бас, Дон Ејри, клавијатури и Сајмон Мекбрајд, ирски блуз рокерски гитарист, кој во последен момент го замени Стив Морс,кој привремено мораше да отсуствува од првите три месеци на Европската турнеја 2022, поради болеста на неговата сопруга Жанин, која се бори со ракот.
 
Концертот во Скопје „Purle“ го започнаа со еден од нивните најголеми хитови, „Highway star” кој веднаш ги крена на нозе сите гледачи, како постарите, така и помладите. Фантастичен саунд, кој остана како таков до крајот на концертот,без никаков кикс, чиниш слушаш студиска снимка, неверојатните музички бравури на секој од музичарите, неколку класики од типот на Lazy „ Space trucking“,“Blind men” Black night, и неизбежната “Smoke on the water“ на која публиката тотално „откачи“ и која ја отпеа заедно со Гилан, песната посветена на Џон Лорд, изненадувањето на клавијатуристот Дон Ејри, кој во неговиот инструментален дел ја отсвири македонската народна „Јовано, Јованке, и бисот со темата „Hush“, вредеа таа врнежлива ноќ да се биде дел од историјата.
 
Ех, да беше Гилан само десеттина години помлад, да ги чувме една Child in time, Stormbringer, Burn, Speed King, доживувањето ќе беше комплетно, ми прелета за момент низ главата во текот на концертот. Но, не можеме да се одиме против времето и годините, сепак, да не заборавиме, човекот има полни 74 години. Затоа, на концертот доминраа подолги инструментални пасажи, за да може Јан да се одмори.
 
Иан Гилан, Роџер Гловер, Иан Пејс, Сајмон Мекбрајд( Стив Морс ) и Дон Ејри и покрај своите години, газат до даска и продолжуваат да патуваат низ хард рокот , пуштајќи ја нивната креативност да дојде до израз.
На крајот, Purple и денес, и покрај нивната возраст, остануваат мојот омилен бенд, остануваат доследни на своите музички корени но и на мешавината на стилови со кои создаваат карактеристичен звук што го дефинира бендот денес. Никој не може да им го негира и одземе создаденото музичко наследство, рок класици кои многу малку бендови би можеле да се надеваат дека некогаш ќе го реплицираат. Токму затоа публиката на Purple на сите концерти, па и на овој скопскиот се движи од тинејџери до пензионери, нешто што бендот го прифати и се грижи да ги задоволи и едните и другите со своите концертни сетови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *