ГОЛЕМ УСПЕХ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ НА „ OHRID ULTRA TRAIL 2022“

WEB Телевизија во живо

ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ПРВА ВО СВОЈАТА КАТЕГОРИЈА И ТРЕТА ВО ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН НА 40 КМ, МИЈАЛЧО АНДОНОВСКИ ПЕТТИ А МЕТОДИЈА ИЧЕВ ОСУМНАЕСЕТТИ НА 22 КМ ВО СВОИТЕ КАТЕГОРИИ.
 
Ултра-траил маратонците од цел свет денеска беа собрани во Охрид на четвртото издание на планинската трка „ OHRID ULTRA TRAIL 2022“.
Преку 300 учесници од 23 држави учествуваа во четирите трки кои беа дел од „Охрид Ултра Траил“ настанот, а меѓу земјите од каде што доаѓаат учесниците беа и Аргентина, Перу, Финска, Шведска, САД и уште дваесетина други земји.
 
На оваа незаборавна авантура во трчање помеѓу езера, облаци и планини, учествуваа и тројца членови на АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија, Валентина Узунова на 40 километри и Мијалчо Андоновски и Методија Ичев на 22 километри и може слободна да кажеме дека остварија одлични резултати.
 
Така, Валентина Узунова, во трката на 40 километри,во женска конкуренција, во нејзината конкуренција +55 беше без конкуренција најдобра со време од 6 часа, 6 минути и 18 секунди а во генералниот пласман го освои високото 3-то место. Ова е до сега нејзин најдобар резултат, па во краткиот разговор по трката Вале не ја криеше својата возбуда и само рече дека е многу радосна, и дека и овој пат трчала за болните од Пулмонална хипертензија.
 
Добри резултати остварија и Мијалчо Андоновски и Методија Ичев во машка конкуренција на 22 километри. Мијалчо беше 5-ти во својата конкуренција и 54 во генералниот пласман, додека Методија Ичев го освои 18-то место во категорија и 55 место во генерален пласман.
 
Сезоната на овие натпреварувања започна пред еден месец, кога со настанот „Водно Матка Треилс“ беше отворена листата на планирани настани за оваа година.
Прогласувањето на сите победници е предвидено вечерва во 20 часот на потегот кај пристаништето во Охрид („Ајван плажа“).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *