1-ВИ МАЈ, НЕКОГАШ ДЕН НА ТРУДОТ И СКАРАТА, ДЕНЕС БИТКА ЗА ПЛАТАТА.

WEB Телевизија во живо

ТВ Нова 12 и Perpetuum Code им го честита празникот 1-ви Мај на сите оние кои со својот труд и секојдневна макотрпна работа се обидуваат да обезбедат егзистенција за себе и своите семејства, да им оддадеме достојно признание и да се надеваме дека ќе успеат да се изборат за плата која нема да го нарушува нивното достоинство.
Им го честитаме празникот и на сите приватни стопанственици кои во овие тешки времиња обезбедуваат пристојни услови за живот и развој на своите вработени, и го полнат буџетот од кој плати земаат јавните и државни административци
 
Меѓународниот празник на трудот се одбележува во знак на сеќавање на 1 мај 1886 година, кога во Чикаго, САД, повеќе десетици илјади работници излегле на улиците, барајќи подобри услови за работа и доследна примена на осумчасовното работно време.
Тој ден во Чикаго околу 40.000 американски работници стапиле во генерален штрајк, под паролата „три осумки“ – по осум часа работа, одмор и слободно време.
За многу години 1-ви Мај.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *