ВО СКОПЈЕ И БИТОЛА СО КОНЦЕРТИ И ИЗЛОЖБА СЕ СЛАВИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЏЕЗОТ 30-ТИ АПРИЛ

WEB Телевизија во живо

Во организација на Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје денеска во паркот „Ибни Пајко,“ се одржува манифестацијата „Today It’s All About Jazz vol.6“.
 
Манифестацијата се одржува на 30 Април – Меѓународниот ден на џезот. Со овој настан нашата земја се вбројува во 180 земји од светот кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот. Во ноември 2011 година УНЕСКО официјално го одреди 30 Април за Меѓународен ден на џезот, со цел да се истакне џезот и неговата дипломатска улога да ги обединува луѓето од сите страни на светот. Овој настан глобално е предводен од генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулеј, и легендарниот џез-пијанист и композитор Херби Хенкок, кој е и амбасадор на УНЕСКО за меѓукултурен дијалог и претседател на Институтот за џез Херби Хенкок.
 
Настапуваат седум македонски џез состави, составени од џез музичари добро познати на публиката. Во текот на целодневниот хепенинг може да се проследат настапите на: Џоле Грујовски – Resonance, Џон Илија Апелгрен & Гордан Спасовски, SS Project, Off Ground Ensemble, Сашо Поповски, CuckooRack aka Bopers и Тони Китановски.
-Музиката има моќ да не обедини сите и по повод Меѓународниот ден на џезот да се собереме и заедно да уживаме во џезот славејќи ги неговите принципи и слободата на изразување, наведуваат од Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје.
 
Јавната општинска установа пак, Културно-информативен центар-КИЦ, во Битола, Меѓународниот ден на џез музиката годинава ќе го одбележи со изложба на фотографии „Џезтетика“ на фотографот Татјана Ранташа , а во музичкиот дел битолчани ќе можат да го проследат настапот на македонскиот џез квартет „Сашо Поповски квартет“, со познатите џез артисти Сашо Поповски, Иван Бејков, Ратко Даутовски и Кирил Кузманов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *