ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК, ТАЈНАТА ВЕЧЕРА, ПРЕДАВСТВОТО НА ЈУДА,ЧУДЕСНАТА МОЛИТВА.

WEB Телевизија во живо

Со Велики Четврток почнуваат последните денови од Христовото страдање. На светиот и велики четврток, светите Отци, коишто добро го уредија превземеното од светите Апостоли, од светите и божествени Евангелија, ни предадоа денес да празнуваме четири настани: светото миење на нозете на учениците, Тајната Вечера т.е. нам предавањето на страшните тајни, чудесната молитва и самото издавање.
Популарноста на Исус меѓу народот им пречела на властите и фарисеите и тие барале погодна можност да го фатат и да го казнат. Прилика им се укажала во средата кога еден ученик Исусов по име Јуда Искариотски дошол кај фарисеите и им понудил да го предаде Исус за 30 сребреници.
Исус знаел што ќе се случи поради што ги повикал своите ученици на заедничка вечера во четвртокот навечер. На оваа т.н. Тајна вечера Исус им укажал на учениците негови дека еден од нив ќе го предаде што кај сите предизвикало изненадување:”Вистина ви велам еден од вас ќе ме предаде. Но тешко му на оној човек преку кого синот човечки ќе се предаде, добро ќе беше за тој човек ако не беше се родил”. Исто така на оваа тајна вечера Исус ги благословил виното и лебот со што ја востановил и светата причесна. ”И кога јадеа Исус зеде леб, го благослови и рече: “Земете јадете ова е моето тело“. И како ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: “Пијте од неа сите, зошто ова е мојата крв на Новиот завет кој се пролева за мнозина за опростување на гревовите” По вечерата Исус заминал во Гетисманија, место во близина на Ерусалим, а Јуда веднаш отишол кај правосвештениците за да го предаде.
Меѓу нашиот народ постојат повеќе обичаи поврзани со Велигден и деновите што му претходат. Со обичаи и верувања особено е исполнет Велики Четврток. Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапсувањето на велигденски јајца. Според обичајот најпрвин се вапсувале три јајца, а потоа и другите. Првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот, а третото на стоката и бериќетот. Со Велики четврток се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. Стефан Верковиќ забележал дека во с. Мачуково, во егејскиот дел на Македонија, „таа ден колко црни кокошки снесат јајцата, и бележуват сус кониц, да напкум ʼи закопуват уф лозјата, за да не ʼи удре грат“.
Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има магиска моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и сл.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *