ВАНЕ СТОЈАНОВ ГО ОСВОИ ЧЕТВРТОТО МЕСТО НА ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА БАРМЕНИ ВО СКОПЈЕ

WEB Телевизија во живо

ВАНЕ СТОЈАНОВ ОД ГЕВГЕЛИЈА ГО ОСВОИ ЧЕТВРТОТО МЕСТО НА 13-ТО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА БАРМЕНИ ВО СКОПЈЕ.

Дваесет бармени и барменки учествуваа на 13-то Државно првенство на бармени во организација на Здружението на бармени на Македонија, а најдобриот од нив, Петар Ставрески оди на Светското првенство во Куба.
 
Натпреварот се одвиваше во ресторанот „Фор“., а меѓу учесниците беше и гевгеличанецот Ване Стојанов. 
По натпреварот еве што ни изјави тој:
„Во многу неизвесен натпревар и во тесна конкуренција, бидејќи малку бодови ги делеа победниците, успеав да го освојам четвртото место, што е голема чест за мене и за Хотелот „Фламинго“ каде сум вработен. 
 
Инаку, одлична беше организацијата а посебно ми е мило што после три години пауза се видовме со колеги со кои се натпреварувам уште од самиот почеток на овие првенства.“
 
Да напоменеме дека судија на овој натпревар беше уште еден гевгеличанец, Методи Перуновски, кој воедно е и потпретседател на Здружението на бармени на Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *