СВЕТСКИ ДЕН НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ-4 АПРИЛ

WEB Телевизија во живо

ГЛАВНА ПРИЧИНА ЗА НИВЕН ЗГОЛЕМЕН БРОЈ СЕ НЕКОНТРОЛИРАНОТО РАЗМНОЖУВАЊЕ И НИВНИТЕ НЕОДГОВОРНИ СОПСТВЕНИЦИ.
 
По повод Денот на бездомните животни – 4 април, низ светот се организираат бројни активности за згрижување на бездомните животни. Здруженијата за заштита на животните упатуваат апел граѓаните да ги вдомуваат бездомните животни и соодветно да се грижат за нив, а институциите со внимателност да го третираат ова прашање.
Денес би требало да се сетиме на овие суштества кои се во потрага по храна, вода и место за спиење по улиците на светските градови. Според статистиката 75% од популацијата на кучиња и мачки немаат дом, што го прави проблемот алармантен.
Главна причина за зголемената популација на овие животни на улица е нивното неконтролирано размножување, неодговорните сопственици и стереотипите за стерилизација на домашните миленичиња.
По повод Денот на бездомните животни – 4 април, низ светот се организираат бројни активности за згрижување на бездомните животни. Здруженијата за заштита на животните упатуваат апел граѓаните да ги вдомуваат бездомните животни и соодветно да се грижат за нив, а институциите со внимателност да го третираат ова прашање.
 
Официјални податоци за бројката на бездомни животни на територијата на Северна Македонија нема, а податоците кои во јавност ги изнесуваат невладините граѓански организации кои се занимаваат со прашања за грижа на животните велат дека во земјата има околу стотина илјади бездомни животни, кои се изложени на различни проблеми, меѓу кои најмногу се присутни различни болести, а исто така животните се изложени и на различни временски услови.
Граѓанските здруженија и невладините организации кои за цел имаат заштита на животните, сметаат дека проблемот со бездомните кучиња не може да се реши само со тоа што кучињата ќе бидат отстранети од улиците, туку дека е потребно одговорно однесување и на сопствениците на кучињата, кои според здруженијата се најголемата причина за порастот на напуштени животни.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *