СОЈУЗОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИ БАРА БРЗ ДОГОВОР МЕЃУ СОНК И ВЛАДАТА

WEB Телевизија во живо

Сојузот на средношколци бара итно решавање на прашањето меѓу Владата и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), посочувајќи дека прекинот на наставата негативно ќе се одрази на учениците. 
 
Од Сојузот потенцираат дека ситуацијата е особено проблематична за матурантите, бидејќи многумина од нив можат да ги пробијат државните рокови, што негативнo би се одразило на оние кои сакаат да студираат во странство.
 
Учениците веќе имаат пропуштено цели две работни недели од редовниот образовен процес. Потсетуваме дека станува збор за генерација која веќе изгуби цела учебна година со неквалитетна онлајн настава, а дополнително пак и други две недели со продолжувањето на зимскиот распуст. Со ваквата поставеност на работите, средношколците веќе три години се вон нормалниот образовен процес.
 
На нашата претходна прес-конференција, ние кажавме дека: „Треба да се поттикнува солидарноста меѓу сите учесници во образовниот процес [бидејќи] поквалитетен образовен систем е во интерес на сите“. Најголемата засегната страна во образованието ја трпи најголемата штета со тоа што е лишена од своето право на образование.
Обете страни се одговорни за загубата на наставата во изминативе две недели, односно одговорни да најдат решение во интерес на средношколците. Средношколци, дали некој во земјава воопшто мисли на нас и нашите права и интереси и дали го сослушува нашиот глас? Сојузот на средношколци јавно ги повикува двете страни што побрзо да склучат договор со цел намалување на штетата која единствено ја трпат учениците.
 
За крај, Сојузот на средношколци од почетокот на своето постоење се залага образованието да биде посериозно сфатено во рамките на целото општество. Наша клучна заложба е зголемување на буџетот за образованието како дел од бруто домашниот производ, т.е. да се одвојуваат 5% од БДП за образование согласно со европскиот просек. Зголемувањето на буџетот треба да оди во насока на подобрување на инфраструктурата, но и во поголема поддршка за кадарот.
 
Бараме Сојузот да биде вклучен во наоѓањето на решенија за надоместување на пропуштениот материјал“, се наведува во соопштението на Сојузот на средношколците.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *