СEМАКЕДОНСКИ СОБОР ВО МЕЛНИК ПО ПОВОД 107 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЈАНЕ САНДАНСКИ

WEB Телевизија во живо

Собирот во Мелник по повод 107 години од смртта на Јане Сандански беше навистина семакдонски, изјавија организаторите. Имаше присуство на гости од дијаспората, преставници на организации од Македонија, Бугарија и Албанија. Пораки на поддршка стигнале од Македонци во Канада, Франција, Германија, но и од македонската амбасада во Софија и лидерот на Левица кој лично присуствуваше во Мелник.
 
Соборот помина во мирна атмосфера, освен што полицијата не дозволила користење на озвучување. Донесена е и декларација со која се поддржува пријателството меѓу Македонија и Бугарија, но се бара реципроцитет со признавање на македонското малцинтво.
 
Организатори на свеченоста беа македонските организации во Бугарија, а имаше и програма со македонски ора и песни. Семакедонскиот собор годинава се организираше пет дена пред 107-годишнината од убиството на македонскиот војвода и водач на македонското револуционерно движење.
 
Јане Сандански бил водач што се декларирал како легален претставник на Македонците, а неговата цел била создавање „независна држава“, која би влегла во една балканската федерација. Идеологијата на Сандански ја дознаваме и од неговото писмо од 1904 година, во кое се вели: „Не бугарска Македонија, туку ние сакаме Македонија за Македонците, Македонија ослободена од тиранијата.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *