САМСУНГ ТЕЛЕВИЗОРОТ „THE SERO“, ТВ И МОДЕРЕН ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ ВО ЕДНО

WEB Телевизија во живо

Samsung моделите The Serif, The Sero и The Frame се препознатливи по нивниот стилски префинет изглед, со дискретни и во исто време впечатливи елементи.
Во текот на долгата историја на телевизорите, многу облици и дизајни се променија. Од првите гломазни кутии до тенки плазма екрани, бројните иновации го подигнаа искуството на гледање содржини во вашиот дом на нови нивоа. Иако може да се претпостави дека идејата за подобрување повеќе не е толку многу, Samsung со својата ТВ серија LTV покажа дека ова тврдење е далеку од вистината. Имено, Samsung LTV ТВ серијата носи револуционерни промени во концептот на телевизорот, а футуристички дизајнираниот модел The Sero е наменет за модерната генерација на социјалните медиуми. Со својот иновативен дизајн, The Sero ви овозможува да гледате содржини од Instagram, TikTok и други социјални мрежи на специјално дизајниран ротирачки телевизор кој може да се постави во вертикална положба, со што се симулира впечаток на користење паметен телефон со сите предности на телевизорот
Клучната идеја зад овој препознатлив футуристички екран е да се овозможи прикажување на содржината на социјалните медиуми од паметните телефони или таблетите на големиот екран што може лесно да се префрли во вертикален приказ. Всушност, The Sero, во поглед на дизајнот, повеќе потсетува на видео киоскот што имаме можност да го видиме на аеродромите, но тука е во улога на домашен мултимедијален видео центар или ѕид.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *