ПРЕД ТРИ ГОДИНИ КК „БЛОКОТЕХНА“ СТАНА ПРВАК ВО БАЛКАНСКАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА

WEB Телевизија во живо

На 7 април 2019 година во Тирана, Албанија, КК „Блокотехна“, по победата над домаќинот„Тирана“ со 82-68, стана првак во тогашната Балканска лига. Беше тоа навистина историски успех на играчите на КК „Блокотехна“, нивниот тренер Марјан Илиевски и сопственикот на клубот Томица Главчев.
Да се потсетиме, екипата на гевгелиска „Блокотехна“ беше приватен проект на познатиот бизнисмен Томица Главчев, кој во 2018 година беше прогласен за Бизнис личност во Југоисточна Европа. Овој тим неколку години беше при самиот врв и на домашната кошаркарска сцена. Две години по ред Блокотехна играше полуфинале во плејофот, еднаш беше дел и од финалето на Купот на Македонија, каде загуби од Работнички.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *