ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН ЌЕ ЈА ОДБЕЛЕЖИ 107-ТА ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА ЈАНЕ САНДАНСКИ

WEB Телевизија во живо

На 17 април 2022 година, недела, од 11.00 часот, на гробот на легендарниот македонски војвода, револуционер и демократ Јане Сандански, ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН и други македонски здруженија и организации ќе ја одбележат 107-годишнината од убиството на Пиринскиот Цар – Јане Сандански.
 
ОМО ИЛИНДЕН ги поканува сите членови и поддржувачи на македонските организации во Бугарија, жителите на Пиринска Македонија и добредојдените гости, да положат свежо цвеќе на гробот на Јане Сандански кај Роженскиот манастир.
 
ОМО ИЛИНДЕН ќе ги вложи сите напори за елиминација на стравот кај Македонците во Пиринска Македонија, како резултат на геноцидот, асимилацијата, тероризмот и агресијата на бугарските власти против Македонците христијани и Македонци мухамеданци во периодот од 1912 година до денес.
 
ОМО ИЛИНДЕН инсистира, и за Македонците христијани и за Македонците мухамеданци во Пиринска Македонија и Бугарија, во нивните лични документи (извод од матична книга на родени, матична книга на венчани и матична книга на умрени) и сите други јавни исправи да се впиши графа за етничката припадност – МАКЕДОНЕЦ/МАКЕДОНКА!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *