НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ ГРУПНИ ПРВОАПРИЛСКИ ДЕТСКИ МАСКИ

WEB Телевизија во живо

Денот на шегата, 1 Април, во Гевгелија беше одбележан со одржувањето на традиционалната „Априлијада“, во организација на Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“. Децата од нижите одделенија како и дечињата од возрасните групи во детските градинки ги презентираа групните маски со пред своите родители и многубројната публика. Комисијата задолжена за оценување на групните маски, во состав : Мирјана Крстева Массетти, Андриана Манчева и Милена Стамкова, донесе одлука да бидат наградени следниве 5 групни маски: „Пирати“- I г одд. од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, „Рококо“- III 2 oдд. од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, „Корона чао“- III a одд. од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, „Рокери“- V 2 одд. од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија и „Сложувалка“- IV в одд. од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија. Жири-комисијата одлучи да додели и една специјална награда на групата „Пеперутка“ од ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за маската „Весели рибички“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *