НА „ВОДНО-МАТКА ТРЕИЛ 2022“ ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ВТОРА МЕЃУ ВЕТЕРАНКИТЕ НА 47 КИЛОМЕТРИ, МЕТОДИЈА ИЧЕВ ТРИНАЕСЕТТИ НА 10 КИЛОМЕТРИ, И ДВАЈЦАТА ЧЛЕНОВИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“

WEB Телевизија во живо

По исклучително лошо време, проследено со силен ветер , денеска се одржа петтата по ред планинска трка „Водно-Матка треил 2022. На трите трки, онаа најдолгата од 40 километри, потоа на 27 километри и на 10 километри, настапија речиси 500 планински тркачи, меѓу кои и тркачите од АК „7-ми Ноември“.Валентина Узунова, Мијалче Андоновски, Методија Ичев и Димче Андреев.
 
Во најтешката трка, на 40 километри, Валентина Узунова, во конкуренцијата на ветеранки, го освои второто место со време од 7 часа и 31 минута, a Методија Ичев, на трката на 10 километри го освои одличното 13-то место со време од 1 час и 21 минута.
Мијалче Андоновски и Димче Андреев и покрај лошите услови успееја да ја завршат трката на 27 километри
 
Водно-Матка Треилс претставува планински тркачки предизвик кој ги носи тркачите низ најубавите, но воедно и најтешки планински патеки и предели на планината Водно и кањонот Матка – двете најпосетувани и најчести локации за спорт, рекреација и одмор во близина на градот Скопје.
Оваа трка е горе-долу сè до кањонот Матка за искусни тркачи на ултра-патеки, со добра физичка и ментална кондиција за да се заврши напорната патека.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *