НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА ЗГОЛЕМЕНА РАЗДВИЖЕНОСТ ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

WEB Телевизија во живо

Сообраќајната раздвиженост на ГП ,,Богородица,, од утрово е зголемена како резултат на продолжениот викенд поради прославата на Велигденските празници.
Во моментот за излез од земјава не се чека подолго од десетина минути, потврдија од дежурната гранична служба.
 
– За разлика од изминативе две пандемиски години,во моментот забележлива е зголемена сообраќајна фреквенција од возила и автобуси. Во изминативе 24 часа,во двете насоки,границата ја поминале 7.500 туристи кои, поради обавување на задолжителните полициски и царински формалности, не се задржале повеќе од пет минути,велат од дежурната гранична служба.
 
Раположливите капацитети на ГП ,,Богородица,, се ставени во функција,а времето на чекање трае кратко и зависи од моментниот налет на сообраќајните бранови.
 
Малку подолго трае задржувањето на грчката граница поради дополнителната проверка на ковид сертификатите, ПЦР негативните тестови и брзите антиген тестови кои, според најавите од грчка страна, веројатно ќе бидат укинати по 2 мај.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *