НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1945 ГОДИНА СО ПРЕТСТАВАТА „ПЛАТОН КРЕЧЕТ“ ПОЧНАЛ ДА РАБОТИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР. ПРВАТА РЕПЛИКА „КОЛКУ Е БЛИСКУ СОНЦЕТО“ ЈА КАЖАЛА МЛАДАТА АКТЕРКА ВЕРА ВУЧКОВА

WEB Телевизија во живо

Почетоците на македонската професионална театарска практика, во годините по Втората светска војна, се поврзани со името на Димитар Ќостаров. Македонската театрологија на Димитар Ќостаров му го доделила приматот или атрибуцијата на еден од основачите на театарот што денес се именува како Македонски народен театар. Името на Димитар Ќостаров се поврзува со почетоците или зачетокот на режисерскиот театарски модел91 во Македонија.
На 3 април 1945 година е премиерата на првата претстава на овој театар во режија на Ќостаров, тоа е претставата Платон Кречет од Алексеј Корнејчук, сценографија е на Томо Владимирски, преводот на Блаже Конески, а ликовите ги играле 24 актери.
Една вистинит настан запишан во тогашните македонски медиуми (како „Нова Македонија“, Радио Скопје…), ги има елементите на легенда во слава на театарот.
 
Вечерта на 3 април 1945 година, во свечено украсеното со плакати и знамиња Скопје, пред преполн салон со публика од разни генерации, е изведена првата театарска претстава Платон Кречет, а првата реплика колку е блиску сонцето ја кажала младата Вера Вучкова. Така, таа реплика станува дел од легендата која ја следат медиумите, дел од вистинската приказна за театарот во Македонија на македонски јазик. Репликата колку е блиску сонцето е онаа првата што публиката ја слушнала/видела/почувствувала. Во претставата, се разбира, се и сите други што ја создавале. Тие, исто така, се дел од таа легенда, од историјата, од приказната со која се започнало и се одело натаму, низ разни други форми на театарско дејствување, образување, создавање на репертоар, создавање на кадар од различни профили кои му биле потребни на драмскиот театар, особено поради фактот што подоцна, под истиот театарски покрив се формирани и балетскиот и оперскиот ансамбл. Претставата е одиграна на сцената на театарскиот објект кој започнал да се гради на иницијатива на големиот комедиограф Бранислав Нушиќ (1864-1938). Била од левата страна на Вардар, изградбата започнала во 1915 година, свечено е предадена во употреба во 1927 година, на таа сцена се играло на српски и на бугарски јазик (зависно од управите под кои била Македонија). На истата сцена од 1945 година проработува Македонскиот народен театар, прво со драмски, а потоа и со оперски и балетски ансамбл. 

Зградата за исклучиво театарска намена и во стилот на сцена и салон „потковица“ во австро-унгарски стил, е урната по катастрофалниот земјотрес во 1963 година во Скопје. Денес на истото место се гради објект кој треба на Скопје да му го врати, барем како објект, некогашниот театарски сјај. За публиката, за историјата, за легендата (покрај егзактните факти) е репликата колку е блиску сонцето. Тогаш Вера Вучкова имала неполни 20 години. Ја играла Валја. И ниту таа, ниту некој друг, ниту таа вечер, а ни додека ја подготвувале претставата, не мислеле дека таа ќе стане дел од легендата за еден почеток. Секогаш кога се мислело, мисли или ќе се мисли на тој настан, ќе ја има и Вера Вучкова и нејзината легендарна реплика колку е блиску сонцето.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *