МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО МЕЧ ПОКЕР Е ПОДГОТВЕНА ДА СЕ БОРИ ЗА МЕДАЛ

WEB Телевизија во живо

Од 23 до 27 мај, 2022 година, во Гевгелија ќе се одржи 5-то Светско првенство во Меч Покер, во организација на Интернационалната меч покер федерација.
 
По тој повод денес во Гевгелија се одржа прес конференција на која на прашањата на новинарите одговараа г-дин Патрик Нели, претседател на ИФМП, г-дин Варун Гоенка, извршен директор на ИФМП, како и претседателот на Македонската покер федерација, г-дин Мајк Попгоноф.
На ова светско првенство учество ќе земат 14 национални тимови, од Европа Азија и Америка, кои низ четиримесечните квалификации успееја да се изборат, меѓу 60 учесници,да настапат на овој светски шампионат кој се одржува по двегодишна пауза поради ковид пандемијата.
 
Претседателот Патрик Нели го искажа своето задоволство што ова Светско првенство ќе се одржи во Македонија, поточно во Гевгелија, македонскиот „Лас Вегас“, земја во која многу брзо расте интересот за овој спорт, кој не е, како што можеби некои мислат, вид коцка, туку е спорт во кој натпреварувачите ги покажуваат своите умствени и психолошки вештини, како во шахот или бриџот. Беше многу тешко да ги убедиме спортските интернационални федерации, рече тој, дека се работи за умствен колективен спорт, но на крајот успеавме.
 
Мајк Попгоноф, претседателот на Македонската покер федерација истакна дека имаме добар тим, кој во својата квалификациона група го освои првото место, а со добивање да бидеме домаќини на ова првенство се оствари и десетгодишниот сон. Тој потенцираше дека Македонија има добар тим и изрази надеж дека ќе бидеме освојувачи на една од медалите.
Извршниот директор на ИФМП, Варун Гоенка изјави дека на првенството ќе учествува и репрезентацијата на Украина. Рече дека Украина на ова првенство ќе ја брани титулата на светски шампион, но дека било исклучително тешко, поради војната во нивната земја, да го соберат целиот свој тим за ова првенство.
 
Инаку, претседателот на ИФМП, Патрик Нели, кој е роден во Лондон,е во маркетинг бизнисот веќе педесеттина години, соработник е на УНЕСКО, ФИФА и Олимпискиот комитет, а учествувал и во организацијата на повратничкиот концерт на „Ролинг Стоунс“ во 1982 година. Во моментот пишува колумни за магазинот СпортсПро. Не му било тешко да се нафати со организирање и популаризација на Меч Покер спортот, бидејќи, како што ни кажа, ги сака предизвиците и сака да да придонесе во развојот на покерот во светски рамки. Од игра на среќа и коцка, вели Нели, успеавме да направиме Меч Покерот да стане умствен спорт, кој ќе зависи не од среќата туку од поединечните вештини на играчите кои играат тимски во своите репрезентации.
На крајот ни кажа дека нема некој фаворит за кој ќе навива на ова првенство, но потенцираше дека италијанците имаат добра екипа, но и дека репрезентацијата на Македонија може да изненади.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *