МАКЕДОНИЈА ИМА ПОВЕЌЕ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ ОД ЖИТЕЛИ

WEB Телевизија во живо

СПОРЕД ПОПИСОТ ВО ДРЖАВАТА ЖИВЕАТ 1.836.713 ЖИТЕЛИ ДОДЕКА БРОЈОТ НА МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНСКИ ПРЕТПЛАТНИЦИ Е 1.941.352.
 
Бројот на активни претплатници во мобилна телефонија во четвртиот квартал лани изнесувал 1.941.352. Од нив резиденцијални припејд претплатници се 780.098, а постпејд 912.660, додека деловни постпејд се 248.595, покажуваа најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа во четвртиот квартал лани имале 1.416.911 претплатници. Најголем удел во вкупниот број претплатници има Македонски телеком со 48, 2 проценти, по што следи А1 Македонија со 48,04, па Лајкамојал со 2,53 проценти, Роби со 1,21 процент и Грин мобиле со 0,02 проценти. Најголем удел од приходи, пак, има А1 Македонија со 49,37 проценти, пред Македонски телеком со 47,55 проценти. Според извештајот на АЕК, во последниот квартал лани се реализирани вкупно 1.485.329.432 минути сообраќај. Остварени се 4.400.712 минути сообраќај од претплатници на домашен оператор кои роамирале надвор од државата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *