МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ВО САНДАНСКИ, УЧЕСТВУВАШЕ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА, АНДОН САРАМАНДОВ

WEB Телевизија во живо

На состанокот се разговараше за новата ИПА Програма за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, финансирана од Европската Унија. Тема на состанокот беше и доизградбата и отварањето на граничниот премин Клепало, со финансиска поддршка од ИПА инструментот на Европската Унија.
Во делегацијата што ја предводеше министерот за локална самоуправа Милевски беа и дваесет и пет градоначалници на општините од пограничниот регион, кои во Сандански остварија средби со своите бугарски колеги.
Прекуграничната соработка меѓу двете земји има свој континуитет и е една од најуспешните во регионот со целосна, стопроцентна реализација на средствата од Европската Унија. Во вториот ИПА Програмски период реализирани се 73 заеднички проекти во вкупна вредност од 20 милиони евра..
Во рамките на состанокот се изврши и размена на добри пракси и искуства на ИПА проекти реализирани во двете земји, за поддршката на општините од Фондот за локални власти и локална управа (ФЛАГ), како и за дигитална трансформација на општините.
Еден од реализираните проекти преку вториот повик од ИПА-Програмата за прекугранична соработка меѓу Р. Бугарија – Р. Северна Македонија 2014-2020 година, е проектот „Прекугранично справување со шумски пожари“ на Центарот за развој на Југоисточен плански регион. Во рамките на овој проект за ТППЕ- Гевгелија, како и останатите територијални противпожарни единици во регионот, обезбедена е комплетна противпожарна опрема за гаснење на шумски пожари. На ИПА-средбата во Сандански, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари средби со градоначалниците и делегациите на Oпштините Банско, Сандански и Разлог. Притоа, се разговараше за идната соработка и можностите за заеднички настап на третиот повик од ИПА-ППС во одделни области, кои се од интерес на партнерските општини. Во рамките на претходните ИПА-Програми за прекугранична соработка со Бугарија, Општина Гевгелија веќе има реализирано заеднички проекти со Oпштините Разлог и Банско, кои се дел од Благоевградскиот регион, меѓу кои и Еко патеката на Вардарски рид и Покривот на Пионерски дом „Јосип Броз Тито“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *