НИКОЛА РАШИЌ: „МАКЕДОНИЈА Е ЛУЛКА НА СИТЕ СЛОВЕНСКИ КУЛТУРИ, АНТИЧКА И МОДЕРНА, ЗВУЧНА И ЛУКСУЗНА„

WEB Телевизија во живо

ВО ЗАГРЕБ ПРОМОВИРАНА КНИГАТА ЗА МАКЕДОНИЈА НА НИКОЛА РАШИЌ:
„МАКЕДОНИЈА Е ЛУЛКА НА СИТЕ СЛОВЕНСКИ КУЛТУРИ, АНТИЧКА И МОДЕРНА, ЗВУЧНА И ЛУКСУЗНА„.
 
Во Македонската црква во Загреб беше претставена книгата „Македонија, историски и етнолингвистички аспекти“ од Никола Рашиќ, холандски социолог и етнолингвист.
 
Авторот Никола Рашиќ е роден 1957 година во Пожега, живее и работи во Холандија, тој е полиглот кој зборува петнаесет јазици и се користи со уште толку. Македонскиот е првиот странски јазик што го научил на 13 години додека живеел во Охрид.
 
Книгата Македонија, историски и етнолингвистички аспекти е прва книга на Рашиќ на македонски теми и е плод на педесетгодишен интерес и истражување.
За книгата зборуваа Алемко Глухак, авторот на книгата, Никола Рашиќ и уредникот Јудита Реј Худечек. Модератор беше Маја Јурениќ, а во музичката програма настапи групата „Езерки“, која го негува македонскиот народен мелос.
Два часа за промоција на книгата беа премалку.
 
Поминаа во еден здив. Авторот на книгата Рашиќ во своето излагање пред присутните меѓу другото истакна:
„Ова е книга за Македонија како татковина на разни народи и јазици. Ги има повеќе од каде било во Европа на толку мала област. Македонија е повеќеслојна, еден мозаик … Македонија е звучна и луксузна …. Таму е колевката на сите словенски култури родени на раскрсницата на различни цивилизации … Македонија е повеќекратна …. разновидна … непредвидлива … Македонија е античка и модерна, предодредена по положбата и соседите: таа е во средината на сите. Македонија е во исто време сечија и ничија, посебна, а сега и сопствена.!“
 
Презентацијата на книгата ја разубавија со своите македонски песни ансамблот „Езерки“, кои неколку пати имаат гостувано во Македонија, а настапија и во Гевгелија, во 2012 година, кога Гевгелија беше град на културата.
 
Организатори на овој исклучителен настан беа Лена Џапиќ, водач на групата „Езерки“ и претставник на македонското национално малцинство во Загребската жупанија, како и Хрватско-македонското друштво.
 
Во име на Загребската жупанија, на настанот присуствуваше и го поддржа претседателката на жупаниското собрание Мартина Гласновиќ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *