КУД „ТАНЕЦ“ ОД МИРАВЦИ ПРЕКУ МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЃУРА МАРА“ ГИ ВОЗОБНОВИ МИНАТОТО И ТРАДИЦИЈАТА

WEB Телевизија во живо

Од памтивек, па сè до денешни дни, секој миравчанец, каде и да е, на третиот ден од воскресението Христово си доаѓа во Миравци. Да биде со своите најблиски, на своето родно огниште, за да им оддаде почит на постарите и за да им ги покаже корените на своите помлади поколенија. На овој ден, преку најстарата автентична фолклорна традиција кај нас – „Ѓура Мара“, со впечатливото оро, преубавата носија и со зачуваните обичаи, миравчани испраќаат порака до сите добронамерници кои го посетуваат нивното место. Порака за љубов, заемнo почитување и помагање.
Така беше и оваа година. По двегодишна пауза, синоќа, оваа традиционална манифестација, која е под покровителство на Министерството за култура и Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, привлече голем број посетители на платото пред Домот на културата во Миравци.
 
Манифестацијата за отворена ја прогласи Градоначалникот Сарамандов кој, откако ги поздрави присутните и гостите од КУД „Паја Зариќ“ од Инџија и друштвото „Фолклорна низа“ од Струмица, истакна:
“Ми претставува огромна чест вечерва да присуствувам на најстарата автентична фолклорна традиција ,,ЃУРА МАРА” во Миравци. Честитки до организаторите, гостите од Инџија, Република Србија, од Струмица, и сите учесници за прекрасната организација.
Можам да ветам дека Општина Гевгелија секогаш ќе ги поддржува ваквите настани, бидејќи на овие настани низ призма на Макеоднски игри и ора ја негуваме нашата Македонска традиција, го означуваме нашето постоење и градиме иднина за идните генерации.
 
Во име на КУД „Паја Зариќ присутните ги поздрави претседателот на друштвото Лазар Сириџански, кој се заблагодари на гостопримството и нагласи дека на овој начин се градат културните мостови меѓу македонскиот и српскиот народ.
Манифестацијата е автентична фолклорна традиција која датира од раното владеење на Турците на овие простори. Таа третира вистински настан кој се случил на третиот ден од Велигден. Месното население низ песна и игра го симболизира непокорот и отпорот кон насилствата и зулумите кои тогаш ги вршеле османлиите, велат организаторите кои оваа година ќе прослават 90 години од постоењето на КУД „Танец“.
Орото го симболизира грабнувањето на убавата мома Мара, за чие спасување нејзиниот брат го жртвувал животот. По традиција го играат само девојки и повозрасни жени кои не дозволуваат маж да заигра во орото.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *