„И ЈАС СУМ ТУКА“ ИЗЛОЖБА И КНИГА ПОСВЕТЕНА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ПИОНЕРСКИОТ ДОМ ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Во четврток, на 7 април 2022 година, со почеток во 19 часот, во малата сала на Пионерскиот дом – Гевгелија ќе биде отворена изложба на фотографии на Тоше Огњанов и книга со приказни на новинарката Сребра Ѓорѓиевска со наслов „И јас сум тука. Приказните на Ѓорѓијевска и фотографиите на Огњанов станаа гласници во борбата со стереотипи, предрасуди и стигми кои кружат околу луѓето со попреченост. Со изложбата и книгата „И јас сум тука“, според нив, тие сакаат да ги отворат некогаш затворените очи и уши на нашето општество.

Фотографиите сместени во фото-изложба, а приказните во книга, праќаат своја порака, со иста цел- да потсетат дека и лицата со попреченост се тука, околу нас.
Важни се сите херои во книгите „И јас сум тука“ и „Не престанувај да се гушкаш“. Ѓорѓијевска истакнува дека насловот на книгата дошол многу природно на крајот од проектот.

– Ги најдовме приказните, ги запознавме сите луѓе, децата и нивните семејства, се дружевме. Насмевката на сите овие луѓе е нешто заедничко што зрачи од фотографиите, со тие насмевки ги напуштивме сите тие средби. Дадовме малку љубов, малку внимание, вели Ѓорѓијевска.
Фотографот Тоше Огњанов ќе додаде дека ова е патување на кое тргнал малку наивно, чекор по чекор и по секоја средба тој чекор бил се побезбеден.

– Зачекоривме во свет кој цело време бил тука, покрај нас, не сме имале предрасуди кон него, но со секој следен чекор одевме подлабоко и тој стана дел од нас. Беше спуштена бариерата и успеавме да комуницираме со нив, но не само вербално, туку на секој можен начин.
Целта на проектот, кој е дел од годишната програма за култура на Општина Гевгелија, е да се подигне свеста на лицата со интелектуална попреченост и да се избришат стигмите и предрасудите за овие луѓе и да се помогне целосно да се интегрираат во општеството и да се избегнат оние институционализации и изолации кои се уште се присутни во некои земји

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *