ГЕВГЕЛИСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ДОБИЈА НОВА ОПРЕМА ЗА СПАСУВАЊЕ ОД ПОПЛАВИ

WEB Телевизија во живо

ТППЕ- Гевгелија доби нова опрема за спасување од поплави од Дирекцијата за заштита и спасување. Вчера, во ТППЕ- Гевгелија беше извршено примопредавањето на сетот за спасување од поплави, набавен од Дирекцијата за заштита и спасување. Сетот се состои: од 1 агрегат, 2 потопни пумпи, 3 црева, техничко јаже, рефлектор со постолје и универзален клуч за спојка. Со доделената опрема значително се подобрува капацитетот на ТППЕ-Гевгелија за справување со поплави.
Пред посетата на ТППЕ- Гевгелија, по повод обезбедената донација и увидот во техничките ресурси, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари средба со заменик-директорот Зулфикар Зејнулаи и други претставници на Дирекцијата за заштита и спасување. На средбата стана збор за понатамошната соработка и активностите помеѓу локалната самоуправа и Дирекцијата за заштита и спасување, со цел зајакнување на капацитетите во областа на цивилната заштита. Градоначалникот Сарамандов изрази благодарност до Дирекцијата за заштита и спасување за доделената опрема на ТППЕ- Гевгелија, која е од огромно значење и ќе придонесе за поефикасно справување на пожарникарите при интервенцијата во случај на елементарни непогоди на подрачјето кое го покрива ТППЕ- Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *