ДЕНЕСКА Е ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

WEB Телевизија во живо

ПОГЛЕДНИ ПОДЛАБОКО ВО ПРИРОДАТА И ТОГАШ СЕ ЌЕ РАЗБЕРЕШ ПОДОБРО (АЛБЕРТ АЈНШТАЈН)
 
Денот на планетата Земја се одбележува на 22 април. Денот има за цел да ја шири свеста за прашања, вклучително и загадувањето, уништувањето на шумите и глобалното затоплување. 
Се организираат голем број кампањи, активности и настани за да се мотивираат луѓето да се здружат и да помогнат да се најдат решенија за проблемите што ја мачат нашата планета.
 
Темата за Денот на планетата Земја во 2022 година е „Инвестирај во нашата планета“ повикувајќи ги бизнисите да се насочат кон одржливи практики.
Обединетите нации го слават овој ден како Меѓународен ден на мајката Земја. Денот ќе го одбележи со тема – „Хармонија со природата“.
Како што се посочува во пораката од светската организација повеќе од половина од светското население живее во градовите, бидејќи бројот на жителите во урбаните средини се зголемува, а последиците од климатските промени се влошуваат, нашите градови мора да еволуираат.
 
Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.
 
ОН во наредните две години организираат кампања „Зелени градови“, што треба да прерасне во глобално движење.
 
Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *