ДАЛИ ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ТЕЛЕВИЗИСКИ КУЌИ ЌЕ ИСЧЕЗНАТ КАКО ДИНОСАУРУСИТЕ?

WEB Телевизија во живо

Телевизиските куќи ќе мора радикално да се прилагодат на брзорастечкиот свет на онлајн забавата доколку имаат намера да опстанат, предупредуваат експертите. Гледачите масовно се префрлаат на користење видео платформи. Се повеќе од нив велат дека воопшто не им треба класична телевизија.
 
Се наѕира почетокот на таканаречениот „метаверзум”, што е термин кој се однесува на систем од интерактивни онлајн светови, игри и тродимензионални собирни места, кои веќе привлекуваат милиони корисници.
Додека повозрасните потрошувачи на медиумски содржини се сè уште приврзани за традиционалната телевизија, рејтингот меѓу оние под 35 години двојно се намали во изминатата година и драстично ќе опадне како што еволуира „метаверзумот”, според германска компанија за истражување на пазарот Статисти.
– Младите луѓе еволуираа од пасивни ТВ гледачи во активни играчи и се оддалечија од екранот (компјутерот) во корист на паметните телефони. Телевизиските канали ќе исчезнат заедно со нивната публика, изјави Фредерик Каваза, ко-основач на француска компанија специјализирана за дигитална трансформација.
 
Радиодифузерите мора да изберат дали ќе останат на се помалиот традиционален телевизиски пазар или ќе почнат да ги носат своите лица и брендови на платформи на метаверзумот, истакна Метју Ворнефорд, ко-основач на Дубит.
– Тоа значи да ги донесете луѓето во свет, да ги направите дел од приказната, да играте заедно со нивните пријатели, на ист начин како што Дизниленд ви дозволува вас и на вашите пријатели да бидете во нивниот свет со Мики Маус, додаде Ворнефорд.
Телевизиите имаат време да се прилагодат, но се соочуваат со голем предизвик бидејќи истовремено треба да ги задоволат потребите на повозрасните луѓе кои гледаат традиционална телевизија, средовечните луѓе се осврнуваат кон стриминг платформите, а младите копнеат за интерактивна и социјална забава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *