АВТОПАТИ, ПАТИШТА И ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ПОКРИЕНИ СО СОЛАРНИ ПЛОЧИ НАРЕЧЕНИ „СОЛАРНИ ЗМИИ“ ЌЕ ГИ НАМАЛАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ЕНЕРГИЈА ВО ОПШТИНИТЕ.

WEB Телевизија во живо

Паметниот архитект Манс Тем, пресметал дека со таканаречените „Соларни змии“,
фотоволтаични плочи со кои би се покриле автопатите, патиштата во градовите, велосипедските патеки, ќе се намалат трошоците за одржување на патиштата, потрошувачката на возилата при употреба на климатизираните уреди, подобрување на безбедноста на патиштата и намалување на ризикот од несреќи.
Дополнително, тој сфатил дека соларните покриви ќе добијат улога на бариера за загадување во поглед на бучавата и апсорпција на СО2 од самите возила.
Ова решение е возможно за сите видови патни инфраструктури, од патишта, пруги, мостови, велосипедски патеки, спортски патеки на отворено и се она што може вертикално да се покрие. Дополнително, ќе се искорити ветрот со поставување на вертикални турбини на ветер на страниците на покривите
Општините и владите ќе го претворат јавното земјиште во профитабилни центри за производство на енергија, тие ќе ги намалат на минимум нивните трошоци за снабдување со електрична енергија и ќе
создадат илјадници работни места за одржување на овие покриви што ќе придонесе за борба против климатските промени и нејзините последици.
Манс Тем пресметал дека таквата структура долга 24 километри со ширина од 40 метри може да генерира до 115 MW, доволно енергија да ги задоволи потребите на 40.000 луѓе.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *