АТЛЕТСКАТА ЕКСПЕДИЦИЈА НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ СЕ ВРАЌА ЗАДОВОЛНА ОД НАСТАПОТ НА 16-ТО ИЗДАНИЕ НА МАРАТОНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ ВО СОЛУН

WEB Телевизија во живо

Тодор Анчев, Игор Коцевски, Никола Ковачев, Драган Ристов, Методија Ичев. Стојан Делев, Цеце Србова, Мијалчо Андоновски, Томе Каркалашев и Александра Крајчева, сите членови на АК „7-ми Ноември“ зедоа учество на денешната 16-та по ред меѓународен маратон „Александар Велики“. На стартот на четирите трки, на 5, 10 и 42 километри, како и на „здравствената трка“ на 10 километри се појавија над 10.000 тркачи од 40 земји.
 
Како што стои на официјалната веб страна на овој престижен маратон, организаторот, по завршувањето на трките им порача на сите учесници дека „ Сите вие сте победници“.
И токму, така, Меѓународниот маратон што се одржа денеска, недела, 10 април, претставуваше повеќеслоен настан, настан на човековата издржливост и хуманост,но и настан кој го означи посакуваното враќање во нормалата по две години ковид пандемија.
 
Гевгелиските атлетичари може да бидат исклучително задоволни од својот настап на овој маратон. Сите членови на АК „7-ми Ноември“ кои беа пријавени ги завршија своите трки и уморени, но исполнети со чувство на гордост, се враќаат во Гевгелија.
Двете трки, онаа на 5 и онаа на 10 километри храбро ги истрчаа Тодор Анчев, Драган Ристов, Никола Ковачев и Методија Ичев. Честитки за нивната издржливост.
Иако времињата не се важни, сепак ќе напоменеме дека Тодор Анчев го освои 9-то место на 5 километри и 31-то место на 10 километри, што е исклучително голем подвиг за него и за целата екипа.
Големата Маратонска трка , од Пела до Солун, во должина од 42 километри ја истрча Мијалчо Андоновски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *