97 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ ЖИВКО СУЛТАНСКИ, ДИРЕКТОР НА ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ИГРАН ФИЛМ „ФРОСИНА“

WEB Телевизија во живо

Султански Живко е роден на 11 –ти април 1925-та година во Гевгелија. Од 1948 година започнува да работи во „Вардар филм“ како организатор во продукцијата на документарни филмови.
Живко Султански е директор на првиот македонски игран филм „Фросина“.
Со краток прекин (од 1955 до 1957 е во Извршен совет – највисокото политичко тело во Македонија) работи во „Вардар филм“ сè до 1962, во својство на организатор на документарен и директор на игран филм.
Правниот факултет го завршува 1964. Истата година преоѓа на работа во МРТВ Скопје, како еден од десетте основачи на оваа институција.
По повод 20-годишниот јубилеј, во 1985 награден е со Плакета за заслуги за основање погон Телевизија.
Во 1986 се пензионира. Неговата филмографија би била видно поголема кога би биле наведувани неговите организаторски заслуги во продукцијата на документарни филмови.
Овие филмови не го бележат неговото име на шпиците, но според Султански, голем дел од продукцијата на документарни филмови во времето кога тој работел во „Вардар филм“ е снимен со негово учество.
 
Филмографија:
1952: Фросина ( Директор на филм, )
1954: Илинден 1903 ( Организатор на снимање, )
1955: Волча ноќ ( Директор на филм, )
1955: Ритам и звук ( Организатор на снимање, )
1958: Мис Стон ( Помошник директор на филм, )
1959: Три Ани ( Помошник директор на филм, )
1961: Мирно лето ( Помошник директор на филм, )

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *