34 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА СЛАВЈАНКА ВЛАХЧЕВА, ПРВАТА ОБРАЗОВАНА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА , ПОЗНАТА КАКО „МАКЕДОНСКОТО ДЕВОЈЧЕ ВО БЕЛО“

WEB Телевизија во живо

Здружението на медицинските сестри и акушерки на Македонија го носи нејзиното име. Добитник е на медалот `Флоренс Нејтингел`. Славјанка била првата образована медицинска сестра во Македонија и основач на првото училиште за медицински сестри во Македонија. Родена била во Штип, на 18 декември 1900 година. Го завршила Училиштето за медицински сестри на Друштвото на црвениот крст во Белград во 1924 година. Откако се вратила во родниот град, активно се вклучила во борба против маларијата Подоцна преминала на работа во Антитуберкулозниот диспанзер во Скопје. Имала особена заслуга за воведувањето на патронажната служба и спроведувањето на БЕСЕЖЕ вакцинацијата. “. По Ослободувањето добила задача да основа Училиште за медицински сестри во Скопје во 1945 година и била именувана за негов прв директор.
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *