10 ГОДИНИ ОД ПЕТКРАТНОТО УБИСТВО КАЈ СМИЛКОВЦИ

WEB Телевизија во живо

Денеска се навршуваат десет години од едно од најгрозоморните убиства во историјата на Република Македонија извршено на 12 април 2012 година, кога беа убиени пет лица кај Смилковско езеро во атарот на село Смилковци, Скопје.
 
Убиените беа на возраст од 18 до 21 година: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски. Бил пронајден мртов и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.
Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција. На 10 километри од убиството, беше пронајдено возило „Опел Омега“, за кого беше потврдено дека било на местото на настанот за време на убиството.
 
За овој случај беше отворен предмет под името „Монструм“, за кој имаше пресуда, но предметот одново беше вратен на судење. На доживотна казна затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Хаки Азири за помагање беше осуден на 9 години затвор, Фејзи Азири за истото дело на 15 години затвор. Судот го отфрли обвинението на Сами Љута.
На 23 февруари 2013 година во близина на езерскиот брег, на местото викано Кршиколе или Крст, веднаш до заобиколницата бил осветен камен темелник на црквата Црква „Св. 40 Маченици“, која е посветена на убиените момчиња.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *