ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА 2021 ГОДИНА ЗГОЛЕМЕН Е БРОЈОТ НА СООБРАЌАЈНИТЕ НЕЗГОДИ НА ТЕРИТОРИЈАТА КОЈА ЈА ПОКРИВА ОВР ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Во текот на  втората половина од 2021 година случени се 81 сообраќајна незгода, што е зголемување во однос на истиот период од 2020 кога се случиле 52, нема загинати лица,  со тешки телесни повреди се 3, со телесни повреди 22, а со материјална штета 56 сообраќајни незгоди. Зголемувањето се должи на фактот што во втората половина на 2020 година сеуште важеше полицискиот час. Сообраќајните  незгоди на отворен пат доминираат и се 53 на број, додека во населените места таа бројка е 28 незгоди.

Ова стои во полугодишниот извештај  за работењето на Полициската станица од општа надлежност Гевгелија за 2021 година, кој ќе се најде пред советниците на Општина Гевгелија на наредната седница.

На планот на откривање, попречување и санкционирање на сообраќајните прекршоци континуирано се спроведуваат редовни акциски контроли, републички акциски контроли и засилени мерки по претходно добиени телеграми.

Во овој период се контролирани 7628 возила, при што 77 возила и 415 возачи се исклучени од сообраќај, и привремено се одземени 116 возачки дозволи.

Во однос на превземените мерки по овие контроли, издадени се 1876 платни налози, што е за шест пати повеќе од истиот период во 2020 година, кога биле издадени 312. Во овој извештаен период алкотестирани се вкупно 518 возачи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *