ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ПОПИШАНИ 21.582 ЛИЦА, 1406 ПОМАЛКУ ОД ПОСЛЕДНИОТ ПОПИС 2002 ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

Во општина Гевгелија, вкупното резидентно население изнесува 21.582 лица. Според објавените резултати на Државниот завод за статистика од Пописот 2021 година, попишани се 8.386 домаќинства и 10.833 стана. Според полот, во општина Гевгелија се 10.700 мажи, а 10.882 жени. 
 
Според изјаснувањето за етничката припадност, се попишани вкупно 19.778 Македонци, од кои 9.736 мажи, а 10.042 жени, 20 Албанци- 4 мажи и 16 жени, 59 Турци- 37 мажи и 22 жени, Роми 21- 11 мажи и 10 жени, 266 Власи- 156 мажи и 110 жени, 217 Срби- 125 мажи и 92 жени, 8 Бошњаци- 5 мажи и 3 жени, други неспомнати 162- 87 мажи и 75 жени, не се изјасниле 2 мажи и 2 непознати, од кои мажи.
 
Според пописот од 2002 година, попишани биле 22.988 лица, од кои 22.258 Македонци, 8 Албанци, 31 Турци, 13 Роми, 367 Срби, 5 Бошњаци, 214 Власи и 92 останати.
Она што паѓа во очи е разликата во бројот на Македонци попишани на последниот попис 2021 година, кој изнсува 19.778 и оние попишани со пописот од 2022 година кој тогаш изнесувал 22.258, што е намалување за 2.408 лица.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *