ВО ООУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД СТОЈАКОВО СЕ „РАЗБУДИ“ УЧИЛИШНА ГРАДИНА.

WEB Телевизија во живо

Во рамките на проектот за училишни градини „Зелен полигон за едукација, алатка за јакнење на еколошката свест“, во организација на „СЛОУ ФУД“ и поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, во училиштето ООУ” Кирил и Методиј” од с. Стојаково се воспостави градина која е убаво катче каде учениците се стекнуваат со основните познавања од градинарењето.

Оделенската наставничка Тодорка Пачиколева со своите ученици од петто одделение и со голема поддршка на директорот и техничкиот персонал успееја да направат Зелен полигон за едукација или Училница на иднината која нуди едукација, можност за набљудување, пример за тоа како ги запазуваме автохтоните семиња .дружба, соработка со вработените и локалната заедница. Сите се горди затоа што ваквите примери ја продолжуваат традицијата на градинарењето , а југот на сите нам треба да ни биде пример за рано градинарсите активности.

Проектот претставува креирање училишна градина со цел учениците да се стекнат со навики применливи во понатамошниот живот и подигање на свеста за задравиот начин на исхрана.
 
Придобивките се значителни, особено во развојот на моториката кај децата, на пример кога да се копа градината, како да се насади или премести. Стекнувањето на работни навики се добро планирани и реализирани, а задно со посветеноста на работата и постигнување на успехот. Учениците стекнуваат поголема одговорност кон растителниот свет и неговите егзистенцијални потреби (вода, хранливи материи). Учат да ги распознаваат растенијата и ја запознаваат природната околина, сите промени и влијанија кои нѐ опкружуваат и дејствуваат врз растителниот и животински свет (дожд, сонце, ветар) клучни за неговиот раст, развој и фукнционирање.
 
Училишните градини се создадени со цел подигање на еколошката свест и насочување на децата кон органското производство на храна. Се зголемува нивото на социјализација, бидејќи работата во училишната градина бара работа во група, сплотеност помеѓу децата, комуникација, помош, како и поддршка и разбирање.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *