ВИОЛЕТА СТОЈАНОВИЌ, ПЕДАГОГ ВО ПРЕВЕНТИВНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ГЕВГЕЛИЈА:

WEB Телевизија во живо

ЗОШТО СЕ ВАЖНИ СИСТЕМАТСКИТЕ ПРЕГЛЕДИ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ КОИ ЌЕ ЗАПОЧНАТ ОД ПОНЕДЕЛНИК, 7-МИ МАРТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Систематските прегледи не се вршеа три години до сега заради пандемијата со корона, а сега ке започнат од  07 март 2022 година.

Нашата визија е да преку тимска работа (лекар, мед.сестри, педагог,психолог,логопед), да ја унапредиме и зајакнеме соработката меѓу родителите, децата, училиштата, здравствените институции, што ќе придонесе за здравствено, културно и воспитно просветување, на задоволство на сите ангажирани субјекти .

А, зошто се важни систематските прегледи?

Да се спречат некои болести и проблеми е сепак поефтино отколку да се лечат, па затоа важноста од систематските прегледи добива се повеке на тежина !

Лечењето денес го обавуваат матичните лекари по избор на учениците,т.е нивните родители,додека  школска медицина се бави со превентивна и специфична здравствена заштита на школските деца и младинци.

Самата работа се состои од :

  1. Здравствено-воспитна работа во соработка со наставниците
  2. Систематско пратење на здравјето на учениците и нивниот развој
  3. Советувалиште
  4. Надзор над хигиенските услови во школската околина
  5. Вакцинација и ревакцинација

Примарната цел на здравствената заштита на учениците, е да овозможи на секое дете, паралелно со духовното и моралното воспитание,усвои и правилен телесен и хигиенски развој.

Целта ке се постигне ако се овозможи секое дете за време на школството, да стекне хигиенска свест, како би можело во секоја животна прилика да знае што е во интерес на неговото здравје а што не, така да може да постигне хармоничен развој на телото,отпорност и издржливост.

Во денешно време, во прв план доминираат проблемите од психосоцијална природа- проблеми во однесувањето, неуспех во училиштето, неуротски пореметувања…

Иако децата се најздравиот дел од популацијата, денес, се поголем е бројот на децата и адолесценти со проблеми во развојот ( аутизам ), како и тешки хронични болести ( леукемија, дијабет ) и др.

Првиот систематски преглед  се спроведува пред запишување во прво одделение :

Првиот систематски преглед е оној,кој се спроведува пред децата да се запишат во прво одделение. Освен прегледот кој го опфаќа физичкото здравје на детето,тука спаѓа и тестирање на неговите психички способности,усвоената графомоторика, латерација,ориентација во простор, ориентација во време, говор… Мерење на телесната тежина и висина, врз основа на тоа се дава оценка за неговата ухранетост.

Се одредува острината на видот и распознавањее на основни бои;

Преглед на карлицата и стапалата, тироидната жлезда,срце,пулс…

Преглед на дојки кај девојчињата и полов орган кај момчињата;

Преглед на крвта ( хемоглобин,еритроцити,леукоцити)

Вакцинирање со МРП ( морбили )

 

Систематски преглед во трето одделение

На оваа возраст се прави мерење на телесната тежина, проверка на видот,распознавање на боите. Нема многу отстапувања од нормалните вредности на тежината и висината, се наога по некоја аномалија и кариес на забите, проблеми од психосоцијална природа ( неуспех и неснаоѓање во училишната средина, проблеми во однесувањето..)

Систематски преглед во петто одделение

Се врши комплетен преглед како и кај првооделенците, вклучувајки го и предавањето за пубертет и менструација кај девојчињата. Тоа што паѓа најмногу во очи,на оваа возраст е лошото држење на телото, спуштени стапала а посебно искривувањето на рбетот ( кифоза и сколиоза ).

Од исклучителна важност е добро да се знае и да се направи разлика дали се работи за лошо држење на телото или се работи за искривувањена рбетот, бидејки овие деца влегуваат во пубертет во кој ги очекува нагло растење на телото, па е потребно навреме да се спречат деформациите.

На девојчињата им се поставува прашање дали добиле менструација,што е исто така важно, бидејки најголем раст кај девојчињата имаме пред првата менструација.

Систематски преглед во седмо одделение

Се врши комплетен преглед како и кај петтоодделенците, а предавањето е соодветно на возраста.

Систематски преглед во деветто одделение

Освен комплетниот систематски преглед, на овие ученици им се одржува предавање т.е советување за изборот на средно училиште во зависност од условите во семејството и нивните здравствени и финансиски (не ) можности.

Систематски прегледи во средните училишта

Прва годинасредно училиште :

Се врши комплетен преглед на телото, стоматолошки преглед на забите, острината на видот, како и предавање за штетноста од алкохол и дрога.

 

Трета завршна и четврта година средно училиште :

Покрај основниот комплетен преглед, на учениците им се врши предавање за заштита од бременост и користење на средства за контрацепција како и за се повеке актуелниот глобален проблем за трговијата со луѓе , посебно со деца.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *