ВИКЕНДОВ ПОЧНУВА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО

WEB Телевизија во живо

ЛЕКАРИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ТОА МОЖЕ ДА СОЗДАДЕ СЕРИОЗНИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ
 
Од недела почнува летното сметање на времето. Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот.

Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимоското сметање на времето. Годинава летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври во 3 часот по полноќ.

Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. Во 1905 г. англичанецот Вилијам Вилет го „измислил“ летното сметање на времето додека јавал на коњ едно прекрасно летно утро пред доручекот. Тој бил воодушевен од убавината на утрото и помислил дека е штета што поголемиот дел од лондончаните спијат во најубавото време од денот. Две години подоцна тој го објавил својот предлог, но идејата била прифатена за првпат во Британија дури на 30 април 1916 година.

Во Македонија, како дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983 г., а од 1996 г. е регулирано со Законот за сметање на времето.
Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври.
Преминот на летно сметање на времето долго време е предмет на многу анализи бидејќи научниците веруваат дека поместувањето на часовникот може да има сериозни здравствени последици.
„Промената на времето е напорно за телото“, вели д-р Даг Кирш, портпарол на Американската академија за медицина на спиењето. „Мислам дека неговото укинување е чекор во вистинската насока.
 
„Нашата биологија диктира дека како луѓе најдобро спиеме кога е светло наутро и темно навечер“, вели тој.
276128978_1145481319615302_1166138667383279822_n

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *