УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВО ДО ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ ОД УТРЕ КОНЕЧНО БЕЗ МАСКИ

WEB Телевизија во живо

Иако се уште трае редовната седница на Владата, како што дознава ТВ Нова 12 министрите ќе ја усвојат одлуката со која учениците во основните училишта од 1 до 9 одделение ќе се ослободат од носењето маски за време на часовите. Во петокот, Главниот координативен кризен штаб на седница одлучи да ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата ѝ предложи измена на одлуката со која учениците во основните училишта да посетуваат настава без маски, што значи дека сосема извесно е дека оваа одлука денеска ќе биде донесена.
Сепак обврската за носењето маски останува за наставниците и другите вработени, а како што првично беше кажано од страна на Комисијата за заразни болести, маски може да носат и оние деца кои сметаат дека треба и понатаму да се штитат од корона вирусот.
Владата ќе ја усвои и препораката за физичко присуство на наставата на факултетите, со силен апел за вакцинација и на студентите и на образовниот кадар.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *